Снопче ја објасни својата изјава за Законот за бранителите

Откако Мицкоски искоментира „нека му е со среќа“ за најавата на Снопче дека Вреди ќе ја напушти владината коалиција ако се изгласа Законот за бранителите, пратеникот, во писмена реакција, истакна дека неговата неодамнешна изјава дека ќе излезе од владата доколку се изгласа законот, не претставува закана, туку политички став.

Пратеникот Халил Снопче и премиерот Христијан Мицкоски си посакаа среќа еден на друг, а владината коалиција ќе продолжи, како што најавија од партиите, стабилно да функционира.

Откако Мицкоски искоментира „нека му е со среќа“ за најавата на Снопче дека Вреди ќе ја напушти владината коалиција ако се изгласа Законот за бранителите, пратеникот, во писмена реакција, истакна дека неговата неодамнешна изјава дека ќе излезе од владата доколку се изгласа законот, не претставува закана, туку политички став.

Претходно, министерот за здравство од редовите на Вреди, Арбен Таравари нагласи дека односите во Владата се коректни. И од владејачката ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека односите во коалицијата се стабилни.