Лијам Пејн почина вчера и извештаите сугерираат дека последниот ден го поминал хаотично.
TMZ, американски медиум, истакна дека Лијам „постапувал непредвидливо“ непосредно пред неговата смрт. Неговото однесување привлече внимание неколку минути пред трагичниот пад, кога наводно си го искршил лаптопот во лобито на хотелот и го одвлекле во собата.
Како што објавија Marca.com, The Express Tribune и многу други агенции, на мрежите се појавија наводните фотографии од луксузната соба на Лиам. Тие прикажуваат сцена исполнета со хаос и неред.
Сликите од неговата соба покажуваат скршен телевизор, прашкаста материја за која се верува дека е дрога, и разни други предмети, вклучувајќи свеќи, алуминиумска фолија, изгорена лименка, запалка расфрлани низ просторијата. Фотографиите наводно се преземени од локални аргентински медиуми, а нивната автентичност се уште не е потврдена. Сепак, социјалните мрежи брзо ја споделија оваа информација.
Alleged images have surfaced from the hotel room where Liam Payne was staying after his tragic passing. pic.twitter.com/sgtlCwUBTz
— celine_dion (@marquezdieonne) October 17, 2024
Според Ројтерс, полицијата била известена за „агресивен маж кој можеби е под дејство на дрога и алкохол“.
Гостин на дрога уништува…
Поранешниот член на бендот „One Direction“ пронајден мртов
Итен повик од менаџерот на хотелот во Буенос Аирес, каде што почина Лијам, укажува дека пејачот можеби бил под дејство на алкохол и дрога. Протече и вознемирувачки повик 911 од менаџерот на хотелот, кој ги расветли настаните што доведоа до трагедијата.
Аудио снимка од повикот 911 од менаџерот на хотелот беше емитувана на аргентинската телевизија. Во него, менаџерот се жали:
This is the audio recording of the 911 call made by the owner of the hotel where Liam Payne was staying. 💔
— Crazy X Vids (@CrazyXVids) October 17, 2024
“We have a guest who is on drugs and is destroying the whole room,” he said. This is how the TV turned out. pic.twitter.com/h8LMvozTF1
„Имаме гостин кој се дрогира и ја уништува целата соба, па ни треба помош.
Ројтерс потврди дека повикот бил вознемирувачки. „Кога е при свест, ја уништува целата соба, а вие треба да испратите некого“, рекол работникот, додавајќи дека животот на гостинот е во опасност бидејќи нивната соба имала балкон.
Спротивно на овие извештаи, Лиам исто така објави „приказна“ на Snapchat непосредно пред неговата смрт. Иако сега е избришан, една од неговите објави сугерираше дека има „убав ден“ со девојката Кејт Кесиди.
Lijam Pejn objavio ovu fotografiju neposredno pre smrti pic.twitter.com/wTTf54WRij
— Arsil (@arsagarson) October 17, 2024
Сепак, се чинеше дека снимката е стара, бидејќи 25-годишнaта инфлуенсерка се врати на Флорида претходно оваа недела, додека Лиам остана во Аргентина. Неговото патување во Аргентина започна на почетокот на овој месец кога дојде да му даде поддршка на својот поранешен соработник Ниал Хоран, кој настапуваше таму.
Изгледа дека имаа многу да кажат и расчистат, како што објасни пејачот на „Get Low“ на својот Инстаграм пред настапот:
“Помина некое време откако тој и јас разговаравме. Имаме многу да разговараме и би сакал да расчистам неколку работи со него. Нема лоши вибрации или ништо, но само треба да разговараме”.