СОБОРЕН НОВ РЕКОРД – Научниците потврдија: “Понеделникот беше најтоплиот ден на светот!“

Според Националниот центар за контрола и превенција на болести на САД, понеделникот бил најтоплиот ден досега забележан во светот.

Просечната глобална температура достигнала 17,01 степени, надминувајќи го рекордот од август 2016 година од 16,92 степени Целзиусови.

Температурите беа високи во САД во последните неколку дена, а во Кина продолжи топлотниот бран со температури над 35 степени. Температурата во Северна Африка достигна 50 степени Целзиусови.

Ова не е пресвртница што треба да ја славиме“, изјавил климатскиот научник Фридерике Ото од Институтот за климатски промени и животна средина во Лондон.

Научниците рекоа дека климатските промени во комбинација со појавата на моделот Ел Нино се виновни за соборувањето на просечните температурни рекорди.

земјапланетатемпература