Парламентарното собрание на НАТО гласаше за унапредување на статусот на Косово во оваа организација.
Од гласањето само еден глас против, а 14 воздржани. Косово досега беше членка набљудувач, но од денешното гласање ќе биде придружна членка.
Парламентарното собрание на НАТО, каде Косово го унапреди својот статус, е институционално одвоено од НАТО, но служи како важна врска меѓу НАТО и парламентите на земјите-членки.
Се состои од 281 делегат од сите 32 земји-членки на НАТО.
Покрај нив, во нејзините активности учествуваат и делегати од 9 асоцијативни земји, 4 асоцијативни медитерански земји, како и 8 парламентарни набљудувачки делегации.