– Собранието во попладневниот дел на 95. седница разгледа неколку предлог законски решенија за кои гласањето ќе биде дополнително закажано.
Заокружена беше општата расправа по Предлог законот за изменување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка. Со него треба да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат децата од шест годишна возраст и сите возрасни, независно на нивната возраст, кои се со намален функционален капацитет. Со тоа ќе се обебзеди индивидуална помош и поддршка на децата за вршење секојдневни активности и заради пристап до образовните институции, центри за рехабилитација и вклучување во заедницата, кои возрасно лице без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.
Со предложените измени се очекува и возрасни кои имаат и над 65 години да ја добијат услугата на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец.
Во рамки на расправата, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ коментираа дека мора да се изгласа Предлог законот бидејќи сегашниот е многу „небулозен“ во однос на старосната граница и оти со тоа им се ускратува правото на дел од лицата со намален функционален капацитет да ги користат услугите.
Претениците од владејачката СДСМ реплицираа дека сегашниот закон е донесен на инклузивен начин.
По кусата расправа, а со оглед на тоа што не е поднесен дополнителен предлог на законот на кој може да се поднесуваат амандмани за седница на Собрание, како што рече потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе се одлучува по предлогот на законот во целина, а за гласањето по оваа точка дополнително ќе се информира.
Во прво читање помина и Предлог законот за вештачење, предлог текстот е даден на второ читање, а за гласање по него исто така дополнително ќе се информира.
Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на расправата упатија остри критики за овој закон бидејќи се носи со европско знаменце. Според нив, по кој знае кој пат се злоупотребува европското знаменци, бидејќи сметаат, со овој закон не се врши усогласување со ЕУ директивите, туку со наши останати закони. Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека, задкулиснио со овој закон целта е да се озакони корупција во државата со тоа што Бирото за вештачење ќе се завтори, а вештачењата ќе ги вршат приватни фирми.
-Овој Предлог текст на законот има многу недостатоци и не овозможува решавање, туку продлабочување на проблемите ако не дозволите да се делува амандмански, особено што луѓето кои што вештачат реагираат дека не биле консултирани при подготовката на законо, рече Лашкоска.
По куса расправа помина и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на агенција за енергетика на РСМ. Предлог законот оди во второ читање, а за гласањето дополнително ќе информираат.
-Владата носи закони кои после ги менува само да офовори на кадросвски решенија кои 100 отсто се партизирани, ниту грам, морал, одгворност ни стручност. Напротив целиот Парламент е ставен во функција само ова да се измени, рече меѓу другото Трајанов.
Реплицираше пратеникот Коле Чаракчиев од СДСМ кој, и самиот од енергетската струка со став дека треба да им се даде шанса и на лица од економската, правната или техничко – технолошктата струка а не само на енергетичари да ја водат Агенцијата за енергетика, бидејќи вели, има способни луѓе кои делуваат и работат соодветно и квалитетно.
По завршувањето на расправта за оваа точка, потпретседателот Мисовски ја прекина седницата, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.