Лоша порака и недозволено со ниту еден закон. Вака Коалицијата Сите за правично судење го оценува назначувањето членови на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители. Велат, претставници од судскиот и советот на обвинители не може да се во управувачко тело на друга државна институција. Сметаат дека тоа е сериозен ризик од корупција и судир на интереси.
„Тие не смеат да бидат членови на Управен одбор на какво било правно лице кое има државен капитал, а тоа е токму управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
„Аргументацијата дека тие како членови на советите доаѓаат од редот на судиите и обвинителите, не е соодветна бидејќи нивниот мандат како судија и јавен обвинител, во овој момент мирува. Тоа значи дека тие имаат постапено спротивно на законот за Спречување на корупција и судир на интереси“, изјави Дарко Аврамовски, Коалиција Сите за правично судење.
Судски и советот на обвинители денеска преку соопштенија се обидоа да го оправдаат назначувањето на Антоанета Димовска и Душица Димитриевска. Имаат идентично објаснување – не го кршеле законот за спречување корупција и судир на интереси. Назначувањето било пракса од минатото, а и никој не се противел. Сепак, опомена има од антикорупциската комисија.
„Ваквата пракса до сега, исто така била предмет на критика. ДКСК има соопштение посебно во 2022 година има утврдено дека не може член на судскиот совет да биде истовремено и член на управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители“, вели Аврамовски..
Според коалицијата за правично судење, однесувањето на советите е спротивно на препораките и заложбите на оценската мисија на ЕУ кои бараат објаснување на донесените одлуки.
„Судскиот совет за вака битна точка дискусијата ја имаше ставено под „разно“ и е посебно загрижувачко, а кога станува збор седницата на Советот на Јавни обвинители, таа букавлно траеше 11 минути, 11 членови на советот треба да зборуваат нецела минута за да може да кажеме дека имало некаква дискусија на таа седница.Во соопштението на Судскиот совет, тие велат дека ќе започнат постапка за донесување на подзакоснки акт со кој што ќе се обврзат да даваат обрзаложенија. Значи, ако сакате да дадете образложение не ви е потребен подзаконски акт туку едноставно треба да ги давате образложенијата“.
Во меѓувреме, тече подготовката на новиот закон за судски совет.. работната група предлага заострување на критериумите за избор и членство на адвокати и универзитетски професори.