СОВРШЕНА ТИРКИЗНА БОЈА ЗА ЈАЈЦА, се добива од само две состојки: Ќе се воодушевите од интензивната нијанса, која е создадена на ПРИРОДЕН начин (Видео)


Ви презентираме проверен и добар рецепт за бојадисани јајца во тиркизна боја, сите домаќинки кои го пробале се презадоволни.


Тиркизната боја е најтешко да се добие, а ако сте ги пробале сите начини за бојадисување јајца во оваа нијанса и не сте успеале, време е да го испробате овој целосно природен метод на боење. Велигденските јајца можете да ги обоите со лилакова зелка и да добиете уникатна боја.

За 10 јајца ви требаат:

  • 1 главица црвена зелка
  • 4 супени лажици алкохолен оцет

Подготовка:

Црвената зелка исечкајте ја. Во тенџерето истурете 5 шолји вода и додадете ја исечканата зелка, па оставете да се вари 30 до 45 минути. Оставете ја зелката целосно да се излади, а потоа извадете ја од водата. Додадете 4 лажици алкохолен оцет во водата во која се варела зелката и имате боја за боење јајца.

Јајцата ставете ги во длабока тава или плех, важно е да се одвоени, а потоа прелијте ги со добиената боја. Извадете ги јајцата од бојата по еден час ако сакате посветла боја, а ако сакате светла тиркизна боја, тогаш оставете ги во бојата 2 часа. Јајцата треба да ги вртите на другата страна на секои половина час за да биде бојата изедначена.

Отпрвин ќе добиете виолетова боја, но не грижете се, магијата се случува дури подоцна и кога ќе ги извадите јајцата од боја, ќе се изненадите од прекрасната тиркизна боја. По желба можете со ластик да ги врзете јајцата за теглите, за да добиете интересни шари. Како изгледа целата процедура погледнете во видеото.