Важно е подготвената смеса да се стави во фрижидер да се излади пред да ја обликувате во топчиња по желба.
Солените топчиња со сирење се вкусно и едноставно јадење што не се пече. Се подготвуваат од готови млечни производи како намаз со сирење, павлака и рендано тврдо сирење, кои се зачинети со млад кромид, лук во прав и слични зачини.
Важно е подготвената смеса да се стави во фрижидер да се излади пред да ја обликувате во топчиња по желба. Во смесата додадете малку сечкани пржени кикиритки, со што на топчињата ќе им се даде дополнителна доза на соленост и вкусност.
Тоа е рецепт кој може да го совлада и најголемиот аматер во кујната. Најтешкиот дел од подготовката е да се чека смесата да се стврдне и да се изладат топчињата пред послужување. Можете да ги послужите сами, со крцкав зеленчук и/или крекери.
Состојки:
- 340 гр намаз со сирење
- 240 гр рендан чедар
- 100 гр пржени кикиритки
- 120 гр кисела павлака
- 30 гр сечкан млад кромид
- 1 лажичка кромид во прав
- 1 лажичка лук во прав
- ½ лажичка пиперка во прав
Подготовка:
- Во стаклен сад измешајте ги намазот со сирење, павлаката и ренданиот чедар .
- Во смесата додајте ситно сечкан млад кромид и сè убаво измешајте.
- Зачинете ја смесата со кромид, лук и бибер во прав.
- Покријте ја смесата со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер да се стегне околу еден час.
- Во изладената смеса со сирење додадете неколку лажици сечкани кикирики.
- Од добиената смеса направете мали топчиња и валкајте ги во остатокот од сечканите кикирики.
- Топчињата ставете ги во фрижидер еден час пред да ги послужите. Добар апетит!