Честопати треба да го детоксицираме нашето тело, па одвреме-навреме треба да внимаваме каков тип на храна внесуваме во нашите тела. Кога станува збор за црниот дроб , тој е орган кој сам се регенерира, но потребно е да се обрне посебно внимание на тоа која храна е погодна за него, бидејќи е еден од најважните органи во нашето тело. За да се ослободите од замастен црн дроб , почнете да пиете сок од морков.
Која е функцијата на црниот дроб?
Црниот дроб помага во различни витални функции како варење, метаболизам, детоксикација и слично, а приближно 25% од светската популација е зафатена од заболувања на црниот дроб, кои можат да бидат од различни типови како хепатитис, цироза, масни заболувања на црниот дроб или безалкохолни масни заболувања на црниот дроб, пишува „ Сарводај а болница “. Заболувањата на црниот дроб, доколку не се откријат и лекуваат навреме, може да доведат до оштетување на функцијата на црниот дроб и да станат фатални.
Непречено функционирање погрижете се со напиток од морков кој треба да го пиете наутро на празен стомак.
Морковите се богати со бета-каротин, кој во телото се претвора во витамин А Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на црниот дроб, бидејќи помага да се заштити црниот дроб од оштетување. Сокот од морков помага и за подобрување на варењето и детоксикацијата.
Што ви треба?
- 6 мали моркови
- 1 мало парче ѓумбир
- 1 голем лимон
- 200 мл вода
Подготовка на сок од морков:
Излупете ги морковите, исплакнете ги под млаз вода, излупете го ѓумбирот и излупете го лимонот. Сите состојки (лимон без кора) ставете ги во блендер и убаво изблендирајте. Кога сè е добро искомбинирано, имате пијалок што треба да го пиете на празен стомак, а после тоа црниот дроб ќе ви биде благодарен.