Можеби е потребно малку повеќе време за подготовка, но вкусот е божествен
Сега е идеално време кога домаќинките ги подготвуваат оние слатки работи како џемови, сокови и слично. Ви даваме идеја да направите нешто можеби поинакво и необично, а тоа е сок од боровинки.
Состојки за сок од боровинки:
- 1 кг боровинки
- 1 кг шеќер
- 2 кесички сок од лимон
- 700 мл вода
Подготовка на сок од боровинки:
Боровинките треба добро да ги измиете, па добро да ги испасирате, па налијте со вода и на крајот додадете сок од лимон. Добро измешајте па оставете 24 часа се убаво да се соедини и да отстои со повремено мешање.
По ова време треба да го процедите сокот бидејќи ќе биде густ. Истурете шеќер во исцедената течност, добро измешајте и оставете шеќерот да се раствори. Кога тоа ќе се случи, уште најмалку 12 часа, сипете го сокот во шишињата што сте ги подготвиле и стерилизирале. Сирупот е подготвен за послужување.