Сонцето грееше, црвениот тепих беше распуштен, почесната гарда беше наредена, Лотар Фрајшлејдер, германскиот амбасадор во Катар беше таму, единствениот проблем беше што немаше катарски службеник официјално да го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер до Доха ..
Дојче веле (ДВ) наведува дека Штајнмаер слетал само малку порано од планираното, а потоа стоел и чекал на вратата од авионот околу половина час додека сонцето пржело .
Дури по речиси 30 минути, Султан Ал Мурајчаи, министерот за надворешни работи на Катар , пристигна да се сретне со шефот на германската држава.
И покрај доцнењето на шефот на дипломатијата, Штајнмаер го напушти аеродромот точно на време на средба со шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани , владејачкиот емир на Катар .
Розалија Романиец, новинарка на ДВ која отпатува заедно со Штајнмар во Катар, по оваа дипломатска ујдурма, се прашува дали тоа било грешка во закажувањето или дали функционерите во оваа арапска земја го заладија односот кон Германија .
Причината може да биде тоа што за време на неговата тридневна посета на регионот, Штајнмаер прво престојуваше во Израел, потоа помина две ноќи во Оман и остави само три часа за посетата на Катар.