Повеќе од половина од возачите наведуваат дека марката на автомобилот не е важна и дека е виновно лицето зад воланот
Британската осигурителна компанија GoShorty направи голема анкета спроведена на примерок од 2000 возачи. Нивното истражување откри кои марки на автомобили ги возат најгрубите возачи.
Според резултатите од анкетата објавена од DailyMail , најлоши возачи се BMW .
Половина од анкетираните изјавиле дека возачите на BMW се најнепријатни, додека возачите на Audi освоиле 28 отсто од гласовите во оваа категорија.
Првата петорка на неславната листа ја комплетираа Mercedes-Benz (17 проценти), Land Rover (15 проценти) и Porsche (11 проценти).
Од друга страна, возачите на Форд се прогласени за најучтиви, освојувајќи 21 отсто од гласовите, а потоа следат возачите на Киа (16 отсто), додека возачите на Тојота и Нисан изедначија со 15 отсто.
Четири од десет испитаници (40 проценти) велат дека редовно наидуваат на грубо однесување на патиштата во земјата – во просек дури шест пати неделно.
Две третини (61 процент) признаваат дека самите се однесувале агресивно зад воланот, а повеќе од половина од возачите (58 проценти) се согласуваат дека марката на автомобилот не е важна и дека личноста зад воланот е виновна.
НАЈГРУБИТЕ ВОЗАЧИ:
1) BMW 50 %
2) Audi 28 %
3) Mercedes 17 %
4) Land Rover 15 %
5) Porsche 11 %
6) Tesla 9 %
7) Jaguar 6 %
8) Aston Martin 5 %
9) Honda 3 %
10) Lexus 3 %
НАЈПРИСТОЈНИ ВОЗАЧИ:
1) Ford 21 %
2) Kia 16 %
3) Toyota 15 %
4) Nissan 15 %
5) Volvo 15 %
6) Škoda 15 %
7) Mini 14 %
8) Opel/Vauxhall 13 %
9) Volkswagen 13 %
10) Bentley 9 %