Сообраќајна несреќа во Градско, еден починат и тројца повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа, десет минути по полноќ, на локалниот пат од селото Горно Чичево до Долно Чичево, во општина Градско. Во несреќата животот го загуби 21-годишен жител на Градско, додека уште три лица се здобија со тешки телесни повреди.

Одделот за внатрешни работи Велес информира дека возилото „БМВ“ управувано од П.А. (22) излетало од патот, при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници: Љ.О. (21), Б.П. (20), двајцата од Градско, и Х.Л. (22) од село Ногаевци.

Како последица од здобиените повреди, Љ.О. починал, додека другите повредени биле однесени во Општата болница во Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција, а вештачење извршила и СВР Велес.