СПБ Тетово соопштува дека на патот Гостивар-Тетово се случила сообраќајна незгода во која едно лице е повредено.
„На 14.11.2024 година во 08:55 часот во ПС Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Тетово, во близина на крстосницата Камњани, патничко возило „БМВ“ со регистарски ознаки на Тетово, управувано од Ш.О.(20) од село Пирок и Тетово излетал од патот. Во незгодата С.О се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската клиничка болница“, соопштија од ПС Тетово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ПС Тетово./ќ