Сопругата на Башар ал Асад му „удри шлаканица“ во најтешкиот момент: Асма бара развод, позната е и причината (фото)

Сопругата на сменетиот претседател на Сирија, Башар ал Асад, Асма, побарала развод за да замине во Лондон, незадоволна од условите за живот во Москва, каде семејството побарало азил, јавува Си-Ен-Ен Турк.

Асма ал Асад, која има и британско државјанство, се обрати до руските судови и побара специјална дозвола да ја напушти Москва.

Сепак, се тврди дека барањето сè уште е во фаза на проценка и дека 
Башар ал Асад, иако неговото барање за азил во Русија било прифатено, биле воведени сериозни ограничувања.

На Асад строго му е забрането да ја напушти Москва или да се занимава со каква било политичка активност. Покрај тоа, руските власти го замрзнаа неговиот пристап до имот и финансиски ресурси.

Барањето за азил на братот на Башар ал Асад, Махир ал Асад сè уште се разгледува. Асад е во Москва, каде што тој и неговото семејство добија азил, по бегството од Сирија, каде сириските бунтовнички сили ја презедоа контролата.

Асма Асад има и британско државјанство бидејќи е родена во Западен Лондон, каде што сè уште живеат нејзините родители.

Нејзиниот татко е кардиолог, а нејзината мајка работела во сириската амбасада во Лондон. Се школувала во приватно училиште, студирала компјутерски науки на престижниот Кралски колеџ во Лондон, а подоцна станала инвестициски банкар.

Во Лондон го запознала Башар ал Асад, кој дипломирал медицина во Дамаск, а во Лондон специјализирал офталмологија.

Асма се преселила во Сирија во 2000 година кога се омажила за Асад, само неколку месеци откако тој го наследи својот татко Хафез ал Асад како претседател. Имаат три возрасни деца – два сина и една ќерка.