Сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ, се појави на ревијата на брендот Пјер Карден, која се одржа во француската амбасада во Белград, а на која беа претставени 60 модели од колекцијата на ,,Марс”, прикажана на модната недела во Париз.
На ревијата се појавија многу познати ликови, а првата дама на Србија со својот стајлинг го украде вниманието на публиката. Сопругата на Вучиќ се појави во син комбинезон, а изгледот го комплетираше со бели чевли на високи потпетици.
Вториот брак на српскиот претседател
Да потсетиме дека Тамара и Александар Вучиќ се во брак 10 години, а ова е втор брак на српскиот претседател.
Претходно работела како телевизиски новинар, а потоа се вработила во дипломатијата, а откако станала прва дама на Србија почнала да се занимава со хуманитарна работа.
Во јуни 2017 година, парот го доби синот Вукан, а српскиот претседател има уште две деца од првиот брак, синот Данило и ќерката Милица.
Неговата поранешна сопруга Ксенија Вучиќ ненадејно почина минатата година.