Пејачот Дарко Лазиќ имаше многу проблеми со здравјето, а наскоро ќе биде подложен на уште една операција.
Сопругата на Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ се огласи и откри детали за медиумите.
Како што рече, Дарко има проблем кој го мачи со години и кој мора да го реши за да продолжи полесно да функционира.
– Дарко долго време има отстапување и одамна знае дека треба да го оперира. Решил да го направи тоа во следниот период, но сè уште не закажал, ниту пак знае каде ќе го оперира носот, но тоа сигурно нема да биде во Турција. Нема од што да се плашиме, бидејќи може само да се подобри, така полесно ќе дише – изјави Катарина за Информер.
Да потсетиме, Лазиќ неодамна за тамошните медиуми откри како се снашол по раѓањето на ќерката Срна.
– Морам да признаам дека малку заборавив како изгледа сето тоа, Алексеј веќе има 5 години. Се ослободив од сето тоа, мислев дека знам, дека научив – рече Дарко и додаде:
-Тоа е најубавото чувство на светот, многу ги сакам децата и нема поголема радост, нема подобар момент од тоа кога ќе имаш дете.
Лазиќ неодамна проговори за операцијата кога напомена дека долго чекал да го реши тој проблем.
– Сакам да го оперирам отстапувањето на носот, имам многу голем проблем. Откако престанав да пијам, постојано бев болен, но дефинитивно е подобро за моето здравје. Се навикнувам на подобар живот, надминав сè, па ќе го направам и ова – откри Дарко.