Сопругата на загинатиот Андреј од ДНК: Бараме неселективна правда

 Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки! – вели таа во објавата на својот фејсбук профил, како коментар на објавена вест.

Сопругата на Андреј од ДНК, Наталија Ѓоргиевска, преку објава на социјалните мрежи, порача дека го следи процесот за утврдување одговорност кај сите инволвирани лица. Таа пишува дека ќе зборува гласно, ако има селективна правда.