Писателката и новинарка Весна Радусиновиќ , сопруга на новинарот и водител Миломир Мариќ, не се појавува толку често во јавноста, поради што нејзината нова фотографија привлече големо внимание.
Имено, таа објави фотографија од море, каде помина речиси два месеци со Мариќ – уживајќи.
За тоа сведочат и фотографиите од нејзините социјални мрежи. Овој пат таа со своите следбеници сподели фотографија од вода, но и селфи со уредникот на Хепи телевизија.
Ова е првпат Весна да позира во костим за капење, а на нејзината фигура можат да и позавидат и двојно помлади девојки.
Судејќи по постовите, Весна се одмори на брегот и ги наполни батериите за нови работни победи кои ја очекуваат по враќањето во главниот град. Сопружниците сакаат да останат заедно на Јадранот, каде што ова лето уживаа и сами и со своите пријатели.