Ретко контроверзен, но често на мета на папараците, медиумите секогаш се обидуваат да извлечат нешто ново од првите дами ширум светот, сепак за една се знае многу малку, но она што се знае е доста интересно.
Да ја запознаеме првата дама на Северна Кореја. Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, деновиве го слави својот 38-ми роденден, а иако во јавноста речиси и да нема детали за нивниот живот, сепак некои информации се познати. Ким седна на фотелјата на севернокорејскиот лидер пред повеќе од 10 години, по смртта на неговиот татко, а освен со политичките потези, често ја заинтригира јавноста и со својот љубовен живот.
Минатата година многумина беа изненадени кога Ким Џонг Ун се појави придружуван од сопругата Ри Сол Џу на концертот во чест на неговиот покоен татко. Светските медиуми објавија дека Ри една година не се појавувала во јавноста поради наводната бременост, но севернокорејската влада никогаш не ја потврдила веста. За неговиот животен сопатник всушност малку се знае.
Ри Сол Џу има околу 32 години и потекнува од богато севернокорејско семејство. Сопругата на Ким Џонг Ун пред бракот беше пејачка во оркестарот Унхас, но откако се омажи, таа му се посвети на семејството. Двојката наводно се венчала во 2009 година, а како што е познато, заедно имаат три деца, а полот на нивните деца не е откриен.
Кошаркарот Денис Родман во едно интервју пред неколку години раскажа како ја запознал нивната ќерка по име Џу Аје, а во таа прилика изјави дека Ким Џонг Ун е одличен татко.
До 2018 година, тамошните медиуми Ри Сол Џо ја ословуваа со „другарка“, а во последните години и официјално ја нарекуваат „ценета прва дама“. Не е познато како се запознала парот, иако светските медиуми во неколку наврати пишуваа дека нивниот брак е договорен, а се организирал покојниот татко на Ким уште во 2008 година, откако доживеал мозочен удар.
Ри често го придружува сопругот на службените обврски, а најтаинствената прва дама на светот, како што некои ја нарекуваат, е опуштена во друштво на својот сопруг. Шпекулациите за тоа што и се забранува и што смее во јавноста кружат со години, но никој не ја знае точната причина зошто Ри се држи настрана од медиумите. Таа во севернокорејските медиуми се појави само неколку пати, а според информациите кои понекогаш протекуваат, изгледа дека е високо ценета во својата земја.