Сопругата на Џин Хекман го натерала на екстремен режим! Не смеел да користи инвалидска количка, го ставила на строга диета: Ова е причината (фото)

Помина повеќе од една недела откако беа пронајдени телата на Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и едно од нивните кучиња .

Истрагата покажала дека Бетси починала околу една недела пред нејзиниот сопруг. Хекман, најверојатно поради напредната Алцхајмерова болест, не ни знаел дека е мртва, рече д-р Хедер Џерел, главен медицински истражувач.

Иако причината за смртта на славниот пар сега и’ е позната на јавноста, секој нов детаљ покажува колку е збунувачка целата ситуација, а приказните за парот долеваат масло на огнот.

Според извор за Дејли Мејл, 64-годишната Аракава сакала нејзиниот сопруг да живее што подолго, па го убедувала Хекман да се занимава со различни активности и покрај тоа што тој видно ослабнал, пренесува Дневник.хр.

Поради оваа причина, таа го принудила да користи бастун додека се движи наоколу, иако е вообичаено луѓето на негова возраст да користат инвалидска количка. Исто така, по наговор на неговата сопруга, Хекман одел на јога и таи чи и правел вежби за постарите лица. Додека 95-годишниот Хекман бил љубител на слатки и брза храна, Аракава му готвела риба, зеленчук и црвено кари, со мисо супа и салата од ракчиња.

Двојката живееше во Ново Мексико две децении, а Аракава чувствуваше дека тоа е одлично место за живеење поради духовниот вител во Санта Фе. Според некои тврдења, тоа е специфична локација на Земјата која има концентрирани количини на моќна духовна енергија.