Аматерски рудар „вооружен“ со обичен детектор за метал открил грутка тешка 4,6 килограми во т.н. златен триаголник на австралиската држава Викторија.
Љубопитен да види дали навистина открил нешто што може да му го промени животот, тој ја однел грутката во компанијата Light Strike Gold на евалуација.
Експертот за истражување на злато и други минерали и дилер Дарен Кемп набрзо утврдил дека грутката содржи 2,6 килограми злато и вреди 160.000 долари (240.000 австралиски долари).
„Извади грутка од ранецот и ми ја стави во рака и ме праша: ‘Мислиш дека има овде нешто вредно околу 10.000 долари таму ?“ Штом ми падна во рака, му одговорив: Наскоро ќе бидат 100.000“, се присетил Кемп за тамошните медиуми.
Тогаш среќниот пронаоѓач, кој сакал да остане анонимен, му рекол дека тоа е само половина од неговото отрктие.
„Сопругата ќе биде среќна“, му рекол среќниот пронаоѓач, а потоа решил да ја продаде грутката што ја донел на увид кај Кемп.
Иако ваквите откритија се ретки, се проценува дека Австралија има најголеми резерви на злато во светот, а таму се откриени некои од најголемите грутки злато досега во историјата.