Сопругот побарал ДНК тест поради грдите деца! После 50 години брак, резултатите откриле непријатна вистина

Брачен пар кој е заедно повеќе од половина век заврши во судница поради неверојатни обвинувања – сопругот тврди дека ниту едно од трите деца не е негово. Овој случај ја шокираше публиката, но вистинскиот пресврт дојде дури кога пристигнаа резултатите од ДНК тестот, оставајќи ги сите во неверување.

Необичен судски случај на брачен пар кој е заедно повеќе од 50 години крена прашина на социјалните мрежи . Имено, маж во доцните години решил да ја тужи сопругата тврдејќи дека ниту едно од нивните три деца не е негово, а причините кои ги навел ги шокирале сите присутни.

-Сакам ДНК тест да докаже дека ниту едно дете не е мое. Никој од нив не личи на мене. Тие деца се грди, изгледаат како да се собрани од улица. Сигурен сум дека не сум нивен татко – рекол тој пред судијата, предизвикувајќи смеа кај присутните, додека неговата сопруга изгледала зачудено.

Мажот понатаму објаснил дека неговото сомневање произлегува од настан од пред неколку децении кога, враќајќи се дома, затекнал непознат маж како истрчува од нивниот двор и заминува со автомобил.

– Тоа секако бил нејзиниот љубовник, а не мајстор, како што таа тврдела – изјавил тој.

Додека ги чекаа резултатите од ДНК, неговата сопруга уште еднаш ги негираше наводите, тврдејќи дека сето тоа било недоразбирање. Меѓутоа, кога конечно стигнале резултатите, дошло до шок – ниту едно од трите деца не било навистина негово.

Овој неверојатен пресврт предизвика целосна тишина во судницата, бидејќи мажот ги стегна тупаниците за победа, а неговата сопруга липаше во неверување.

– Мора да е грешка! Те молам, не ме оставај – очајно заплака таа.

Видеото од судницата брзо стана вирално, со коментари на социјалните мрежи исполнети со шок и неверување.

– Вистината има чудни патишта, некои водат и до судница – заклучил еден од корисниците.