Пејачката и актерка Џесика Симпсон (44) потврди дека таа и нејзиниот сопруг Ерик Џонсон (45) се разделуваат по една деценија заедно.
– Јас и Ерик веќе некое време живееме одвоено и поминуваме низ болна ситуација во бракот – изјави Симпсон за магазинот People.
Нашите деца се наш приоритет и се фокусираме на тоа што е најдобро за нив. Благодарни сме за љубовта и поддршката што ја добиваме и бараме приватност додека поминуваме низ ова како семејство , додаде Џесика.
Гласините за развод започнаа откако фановите забележаа дека Симпсон не објавил ниту една фотографија со Ерик од 2023 година. Нивните сомнежи дополнително се зголемија на почетокот на 2024 година, кога пејачката беше видена во јавноста без венчален прстен, а во септември објави фотографија во заводлив чипкан комплет, исто така без бурма.
Симпсон и поранешниот играч на НФЛ Ерик Џонсон се венчаа во 2014 година и имаат три деца: Максвел (12), Ејс (11) и Бирди (5). Нивната љубовна приказна започна во 2010 година додека Ерик сè уште беше во брак со својата прва сопруга Кери Д’Анџело. По разводот со Кери, Ерик се посвети на врската со Џесика, а четири години подоцна парот го кажа судбоносното „I do“.