Сопственото дете го дале на посвојување: Мајката за две недели се врати на работа, интернет гори, сите се вчудоневидени, а причината е бизарна (фото)

Еден маж откри дека тој и неговата сопруга одлучиле да ја дадат својата тримесечна ќерка на посвојување бидејќи таа „ не се вклопува во нивниот начин на живот”.

Таткото откри дека неговата сопруга Кетрин не била особено заинтересирана за нивната ќерка Елизабета од нејзиното раѓање, а таа се вратила на работа само две недели по породувањето. Тој рече дека и двајцата биле „воркохоличари“ и додаде дека мајката на Кетрин, која живее со нив, се грижела за Елизабета поголемиот дел од времето.

На Редит тој сподели дека неговата сопруга била со неговата ќерка само кога нешто и’ требала и никогаш не ја држела кога плачела. Тој, исто така, откри дека одлучиле да ја дадат Елизабета на посвојување бидејќи двајцата биле премногу зафатени со работа за да се грижат за неа, поради што мајката на Кетрин, бабата, се налутила кога ја слушнала веста, а на крајот било договорено таа да ја посвои. 

На прашањето на корисник на Редит зошто ја избрал сопругата наместо ќерката, мажот рекол:

„Се сеќавам на животот без мојата ќерка. Не можам да се сетам на животот без мојата сопруга. Ја сакам ќерка ми, не ме сфаќајте погрешно и тоа што ја дадов на посвојување не беше лесна задача. На крајот од денот не сакаж таа да е несреќна, па решивме што е најдобро и за Катерин и за Елизабет, искрено мислам дека ова е најдобрата опција за секого.

Корисниците на Редит ги преплавија коментарите, а многумина беа шокирани од одлуката на парот.

„Овој човек звучи како да нема емоции. Во основа, тие го третираат напуштањето на нивното дете како трансакциска размена меѓу две страни“, „Овие луѓе звучат како роботи или вонземјани кои експериментираат со човечкиот живот. Секој што е во здрав ум создава сосема нов живот, го негува неколку месеци, а потоа само вели „а, тоа не е за мене“?“, „Единственото нешто што вреди да се вложи е тоа што овие луѓе одлучија да го дадат бебето на некој што би го сакал, знам дека тука веројатно е потребна емпатија , но што е со овие луѓе?!“, „По ѓаволите, целиот нивен одговор е толку роботски и без чувство за малото девојче што го добија“, „Недостигот на вина овде е она што ме згрози“, беа само некои од многу коментари.