Жителите на дел од Перт, Австралија, кои живеат во близина на „озлогласениот“ станбен блок, го изразија својот бес откако фатија жители од истиот блок како постојано имаат јавен секс на нивните тераси.
Жителите велат дека се ужаснати од вандализмот, насилството и експлицитното однесување видено на блок во предградието Инглвуд во центарот на Перт. Сопственичката на локален бизнис тврди дека станарите и нивните гости имале секс „среде бел ден пред нејзините вработени“.
Тие оштетиле имот во блиското кафуле и ги „тероризирале“ неговите патрони.
– Доста ни е од сè! Минатата недела, посетителите на комплексот објавија дека КГБ пристигнала, на заканувачки начин, рече сопственикот.
Таа појасни дека во овој случај „КГБ“ се однесува на западноавстралиска криминална банда позната на локалните власти.
На неодамнешната седница на Советот тие ја повикаа државата да преземе нешто за ескалацијата на недоличното однесување.
– Целата оваа ситуација можеше да се избегне ако комплексот згради беше комплекс со мешана сопственост, комбинација од приватни и социјални станови, но ова е 100 отсто државно домување и катастрофалните ефекти врз заедницата се очигледни.
Бидејќи се работи на нов близок проект за јавни станови, кој се очекува да биде двојно поголем од постојниот блок Инглвуд, локалното население се загрижени дека, без државно учество, проблемот ќе се повтори.
– Државата и создаде огромен проблем на заедницата Инглвуд со тоа што одлучи да вдоми несоодветни станари. Бевме исплашени и тероризирани од жителите на јавните станови и нивните посетители во последните неколку месеци и ни треба вашата помош, рече сопственикот на бизнисот.
Тврдат и дека разговарале со станар од зградата кој рекол дека изнајмувањето стан е „како да се живее во затвор“.
Друг сопственик на локален бизнис рече дека иако тие лично немале никакви проблеми, голем број нивни клиенти се пожалиле.
Еден клиент тврдеше дека видел жители и нивните посетители како користат надворешни приклучоци на соседните куќи за да ги полнат своите телефони.
„Знам дека не е толку сериозно како материјална штета или нешто слично, но луѓето велат дека станарите и гостите многу се дружат“, рече сопственикот.