Соседите почнаа да градат нов блок за нуклеарна централа

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска најави почеток на градежните работи на шестиот блок на нуклеарната централа Пакс.

Сијарто најави важна пресвртница во проширувањето на нуклеарната централа Пакс.

„Започнаа земјените работи за идниот шести блок, што беше првиот чекор во подготовката за изградба. Посакуваниот датум на изградба во 2030 година останува реален“, рече Сијарто, пренесе МТИ.

Првите работи се одвиваат на длабочина од пет метри, рече Сијарто, додавајќи дека оваа фаза од процесот за петтиот блок е веќе завршена.

Некои делови од шестиот блок ќе бидат на длабочина до 23 метри за да се обезбеди стабилност и безбедност на блокот.

Сијарто додаде дека меѓу 30 и 40 камиони веќе работат на ископување на земјиштето.