Лекарите на Крит се борат за животот на момчето (3) кое соседите го пронашле во крв пред куќата, а полицијата ги уапсила неговата мајка (26) и нејзиниот партнер (44) поради сомнение дека физички го малтретирале детето за месеци!
Дете беше пронајдено облеано во крв пред неколку дена пред куќа во Ираклион, а момчето го пронајдоа соседите кои ја слушнале вревата. Мајката и нејзиниот партнер се обвинети за убиство во обид, тешки телесни повреди и физичко малтретирање деца.
Според cretapost.gr, мајката го запознала партнерот во октомври преку Фејсбук. Во тој момент мајката живеела со синот во Атина, но потоа донела одлука со момчето да се пресели на Крит и да живее со нов партнер. Се верува дека оттогаш детето трпело брутално насилство.
Според медиумите, на денот кога е пронајдено детето соседите ги слушнале мајката и нејзиниот партнер како викаат: „разбуди се, разбуди се“, обидувајќи се да го оживеат детето кое се здобило со страшни повреди на главата и стомакот.
Тогаш еден сосед излетал и го спасил детето и најверојатно му го спасил животот.
„Детето е донесено во болница во коматозна состојба, имало повреди во пределот на главата и стомакот, а лекарите констатирале траги на претходно малтретирање“, соопшти полицијата.
Во тек се форензички тестови за да се утврди колку долго детето трпело насилство. Во овој момент судските вештаци не смеат ниту да му пријдат на детето бидејќи животот на момчето е во опасност, но информациите на лекарите велат дека детето претрпело хорор.
Кај детето биле констатирани повеќе повреди, кои му биле нанесени претходно.
“Неговата состојба е многу тешка, извесен период е малтретиран. Има сериозен хематом на главата и момчето ќе биде оперирано. Денеска очекуваме нови информации за неговата здравствена состојба”, велат од полицијата.