Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат во Брисел на 14 и 15 февруари, соопшти денеска Алијансата.
Според соопштението објавено на сајтот на НАТО, со состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана ќе се одржи на 14 и 15 февруари во седиштето на НАТО во Брисел“, се наведува во соопштението.
На министерскиот состанок ќе му претходи прес-конференција на 13 февруари. На 14 февруари во Брисел состанок ќе одржи и Контакт групата за одбрана на Украина, чиј домаќин ќе биде САД.