Состојбата на Панчо му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим.

„Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е. Панчо мил, те молам не се предавај, да се помолиме за сите кои се борат за живот“ – напиша Ребека. Лила сподели фотка со Панчо и напиша: „Мораш да бидеш добро, се молиме…“ 

По катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани кој се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март, во најголемата трагедија досега животот го загубија (официјално досега) 59 лица.

Mеѓу нив, беа Андреј Ѓорѓиески од ДНК, но и пратечкиот вокал на бендот, Сара Пројковска, музичарот Мартин Бит Бокс, и музичарите од бендот Ѓорѓи Горѓиев кој свиреше на тапани, клавијатуристот Филип Стевановски и гитаристот Андреј Коларов, фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше секаде и уште многу други млади деца, кои вечерта биле гости во клубот.

Владимир Блажев Панчо од ДНК, утрото по несреќата беше префрлен на Клиничкиот центар во Скопје, со изгореници на лицето и раката и на кислородна поддршка, како што потврди сестра му за медиумите.

Но, подоцна во текот на вечерта, состојбата му се влошила, бил префрлен во приватна болница, а Ребека Јанковска Ристески напиша нови детали за него, но и повика сите да се помолиме за него и за сите останати кои се борат за живот по трагичната несреќа.

„Драги и почитувани пријатели,

Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.

Панчо мил,Те молам не се предавај!

Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е“.

Лила Филиповска исто така објави заедничка фотографија со Панчо на Инстаграм Стори и напиша:

„Ќе бидеш добро, мораш да бидеш добро… Се молиме што побргу да ни се вратиш!“