Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат.
Во Лондон цената на суровата нафта од типот „брент“ од Северното Море денеска е пониска за 51 цент и сега изнесува 86,96 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 65 центи на 80,37 долари за барел.
Цените на двата вида нафта се зголемија за повеќе од еден долар во текот на неделата.