Софија Варгара ја замени со згодна русокоса! Помлада е 18 години од актерката, но сите велат дека не ​​е достојна замена (ФОТО)

Актерот Џо Манганиело (46) ова лето поднесе барање за развод од актерката Софија Вергара. Се чини дека Џо не страдаше долго по разводот но нивната разделба шокираше многумина. Тие беа во брак од 2015 година.

Откако неодамна беше виден како заминува од теретана со американската актерка и водителка Кејтлин О’Конор (33), започнаа шпекулациите дека очигледно русокосатс беше виновна за разводот. Кејтлин е 18 години помлада од поранешниот сопруг на Софија, а сега се појави на црвениот тепих со неа и ги потврди шпекулациите – има нова девојка.

Двојката беше фатена заедно во неколку наврати, но се сметаше дека се само блиски пријатели. Пред неколку дена беа заедно на натпревар и спремно им позираа на фоторепортерите.

Бидејќи знаеја дека поврзаноста на Џо со русокосата ќе биде поврзана со разводот од Вергара, блиските пријатели почнаа јавно да кажуваат дека Џо и водителкта се сретнаа дури во август, откако веќе беше поднесено барањето за развод.

Колумбијката Софија Вергара на почетокот на јули го прослави својот 51 роденден, а на многумина им беше сомнително што нејзиниот тогашен сопруг и го честиташе многу „ладно“ роденденот и и’ испрати пријателска порака. Разводот се случил, како што стои во документите, поради „непремостливи разлики“.