Пандишпанските колачи најдобро одговараат со шолја кафе или чај, а популарни се затоа што се прават брзо и лесно. Главната предност на ваквите колачи е фактот што не мора слепо да го следите рецептот, туку можете да го прилагодите на состојките што веќе ги имате дома.
Во продолжение прочитајте го рецептот за миризлива торта направена од кокос и грчки јогурт, со додаток на кора од лимон и прелив кој и дава совршено сочна текстура.
Состојки:
4 јајца
100 гр путер
Две полни лажици мед
250 гр грчки јогурт
100 гр кокосово брашно
200 гр овесно брашно (или пченично брашно)
1 прашок за пециво
Кора од еден лимон
Екстракт од ванила
Прелив:
500 мл вода
3 лажици мед
Сок од еден лимон
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките.
Изматете ги белките додека не се стегнат, а во жолчките додајте го растопениот путер, медот, грчкиот јогурт, екстрактот од ванила и кората од лимон. Мешајте додека не добиете компактна смеса.
Измешајте ги сувите состојки – брашното, кокосовото брашно, прашокот за пециво и прстофат сол и додадете ги во смесата со жолчки. Со миксер накратко измешајте ги сувите и влажните состојки, а потоа со процесорот за храна нежно измешајте го снегот од белката.
Печете го колачот 25 до 30 минути во рерна загреана на 180 степени.
За тоа време подгответе го преливот. Додадете мед и сок од лимон во водата и мешајте додека медот не се раствори. Кога течноста ќе зоврие тргнете ја од оган.
Топлата торта прелијте ја со смесата од вода, мед и лимон.