Со балканскиот картел ,,падна” и познат дилер на дрога: Беше уапсен во Мадрид со 3,5 тони кокаин! Фатен е со овој ПИНК ПАНТЕР (ФОТО)

Во големата меѓународна акција „Изи“ во која беа уапсени членови на „балканскиот картел“, уапсен е и ,,Пинк Пантерот” Драган Ѓорѓевиќ Гага, како и Глигорије Пељевиќ (73).

Пељевиќ беше уапсен и во Мадрид во 2015 година, кога беа запленети 3,5 тони кокаин.

Драган Ѓорѓевиќ бил уапсен по спектакуларниот грабеж на Пинк Пантер во Дубаи во 2008 година, за кој се верува дека бил организиран од Милан Љепоја.

За неговото убиство се осомничени членовите на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ.

Во меѓународната акција е уапсен и кумот на Љепоја, Младен Лазаревиќ, кој исто така учествувал во грабежот во Дубаи.

Исто така, уапсени се и Мирослав Старчевиќ, познат како Дедо и Генерал, за кој верува дека бил „наркобос на Беливук“.

Покрај нив уапсени се и М.Ј, М.М, Д.Н, И.Ц, Р.Р, М.Р, В.С, М.П. и Љ.Л. поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.