СО ГОДИНИ РАБОТЕЛ ПРЕКУВРЕМЕНО ПА ДОБИЛ ОТКАЗ КОГА СЕ РАЗБОЛЕЛ: Пекар добил 27.000 евра отштета

Австриските медиуми јавуваат дека Комората на труд во Австрија заклучила дека тој има право на толкав износ на отштета. Имено, тој во фирмата работел 28 години и за тоа време не бил платен за прекувремена работа, ноќни смени и работа за викенд.
Висината на надоместокот што му е доделен не го одразува она на што би имал право во однос на неплатеното прекувремена работа, пренесува магазинот „Феникс“.

  • Во сегашниот случај, пекарот веројатно изгубил многу прекувремени часови и бонуси во текот на долги години, велат од Комората на труд, а експертите додаваат дека неплатената работа можела да се утврди само за последните три години.

Од друга страна, Сојузното Министерство за социјални работи и труд посочува дека неплатената и платена прекувремена работа во Германија континуирано се намалува во последните десет години.

Според статистиката за пресметка на работното време од ноември 2023 година, бројот на неплатени прекувремени часови по вработен во 2022 година изнесува 20,1 (2012: 27,5), а просечниот број на платени прекувремени часови изнесува 14,2 (2012: 22, 7), известува списание Феникс.