Во собранието експресно се закажа и се одржа собраниската Kомисија за европски прашања на која во процедура со „европско знаменце“ власта сака да го смени Кривичниот законик. Со оваа промена Владата предлага намалување на казните за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „злосторничко здружување“.
Со една од промените се предвидува дека сторителот ќе се казни со казна затвор од една од 4 години, што значи дека се воведува горна граница, од која се пресметува застареност. Во актуелното законско решение, нема горна граница, туку санкцијата е дефинирана на најмалку 3 години, што значи дека горната граница се поставува на 20 години.