Талогот од кафе е одличен пилинг. По утринската доза на кофеин, почестете го вашето тело со кафе. Пилингот на база на кафе ги буди сите сетила, ги отстранува мртвите клетки, има силно антицелулитно дејство.
Не се раствора во вода, што го прави одлична природна состојка за отстранување на мртвите клетки од кожата и за отпушување на порите. Кофеинската киселина, антиоксиданс, може да го зголеми нивото на колаген и да го намали предвременото стареење на клетките.
Кафето има два ефекта на целулитот: привремено ја намалува појавата на целулитот и делува превентивно на појавата на целулитот спречувајќи таложење на маснотии во клетките.
Ако ова е доволна причина за да ги вклучите зрната кафе во вашата рутина за убавина, ви нудиме рецепт за природен пилинг за тело чиј антицелулитен ефект дополнително го засилуваат избраните есенцијални масла.
Како да направите антицелулитен пилинг од кафе?
Малку работи ве будат подобро од кофеинот, па зошто да не и’ го понудите на вашата кожа за да го врати сјајот и енергијата по зимскиот сон? Со само неколку состојки подгответе го овој едноставен и природен пилинг за тело.
Кафето ќе ги отстрани акумулираните мртви клетки од кожата и ќе открие сјаен тен, есенцијалните масла ќе го омекнат целулитот, а кокосовото масло ќе ја хидрира и омекне кожата. Ефектот од користењето на овој пилинг е веќе видлив за две недели.
Компоненти
- 80 гр мелени зрна кафе (може да бидат свежи или преостанати!)
- 80 гр кокосово масло
- 80 гр шеќер или сол
- 4-5 капки есенцијално масло од лимон, чемпрес, кедар или грејпфрут
Подготовка
Сите состојки добро измешајте ги во сад. Добиениот пилинг масирајте го на влажна кожа со кружни движења и добро исплакнете. Користете еднаш или двапати неделно за најдобри резултати. Пилингот можете да го чувате во херметички сад до два месеци.