Вознемирувачка снимка од маж кој се обидува да го помине автопатот со своето куче.
На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка од маж со своето милениче како се обидува да го помине автопатот кај Мостарската клучка, додека автомобилите возат со брзина од една и друга насока .
Имено, на видеото се гледа како маж стои меѓу банкините на сред автопат, а потоа се обидува да го премести своето куче на другата страна.
– Маж со куче во рацете се обидува да го помине автопатот кај клучката Мостар – стои под видеото објавено на Инстаграм.
Под оваа објава се создаде лавина од коментари, а корисниците на оваа социјална мрежа го осудија овој непромислен чин.
Ова е чист идиотизам – напишал еден корисник.
Секој коментар е излишен – додаде друг.