Претставничката на Ирска на Евровизија 2024, Bambie Thug, на првата полуфинална вечер ја изведе својата песна „Doomsday Blue“ и ги остави сите без зборови.
Со својата кореографија и костимографија изгледаше необично и по малку страшно. Таа носеше рогови, а низ целата сцена можевме да видиме низа сомнителни симболи.
Bambie нормално се крие под тешка готичка шминка и костими, а кога ќе ја соблече сета таа шминка и костим, изгледа сосема поинаку.
„Ќе ги налутам оние што треба. Оние кои ја ограничуваат љубовта, сочувството, разбирањето… Луѓе од екстремната десница, оние кои не прифаќаат трансродови луѓе, па дури и неколку свештеници се налутија“, изјави Bambie пред Евровизија.
Инаку, таа се претставува како небинарна личност, а во минатото доживеала и тешки трауми.