„Со свои раце би те задавила, старице!“ Потврдено Обвинението против Северина за закана кон директорот на клиниката, може да заврши во затвор

Во Општинскиот кривичен суд во Загреб беше потврдено обвинението на Општинското државно правобранителство против пејачката Северина Вучковиќ за непримерно однесување. Според обвинението, пејачката предизвикала вознемиреност кај Гордана Буљан Фландер, сега поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца и младинци во градот Загреб. На Северина и’ се заканува затворска казна до една година за кривичното дело дрско однесување.

Обвинението беше потврдено во Кривичниот суд во септември 2022 година по седницата на обвинителниот совет.

– Не можев да одговорам на тоа бидејќи не ја застапувам во кривични предмети – изјави адвокатката на Северина Јасминка Билош.

Засега останува непознато кој ќе ја застапува пејачката во случајот против неа во Кривичниот суд во Загреб, откако нејзиниот адвокат Мате Матиќ минатата година ја откажа соработката по конфликтот со нејзината сестра Маријана Поповиќ.

Северина, како што напиша ,,Национал” во октомври 2021 година, во деновите пред големиот пресврт што се случи кога Жупанискиот суд во Сплит и’ го врати старателството на 30 август 2020 година, односно дека детето половина од времето ќе го поминува со мајката а половина со таткото Милан Поповиќ, а не како порано – дека ќе живее со татко му, а дека мајка му можела да го гледа само во одредени моменти, и’ праќала пораки на директорката на училиштето на детето, Љиљана Клингер.

,,Национал” потоа ја објави содржината на пораките на пејачката до директорот на училиштето, во кои меѓу другото пишува:

– Би те задавила со свои раце, старице. Ќе седиш и ќе трепериш пред мене, едвај чекам да те уапсат. Ти си багра.