На неговата сметка годинава ќе пристигнат околу 200 милиони евра кога на платата ќе му се додадат сумите што ќе ги добива од маркетиншки права.
Покрај договорот кој ќе го зголеми неговото веќе огромно богатство, португалската ѕвезда доби и посебен подарок за потпишувањето на договорот со клубот.
Производителот на луксузни часовници Jacob & Co. му направил рачен часовник кој е тесно поврзан со неговиот трансфер во Ал Наср.
Caviar Flying Tourbillon Tsavorite е направен специјално за Роналдо од бело злато, скапоцени и полускапоцени камења и со ремче од кожа од алигатор.
Часовникот не е достапен за слободна продажба, но се проценува дека на пазарот би достигнал цена од околу 800.000 евра. Зелената боја оддава почит на бојата која доминира на знамето на Саудиска Арабија.
Со 388 многу ретки скапоцени камења, и оддава почит на бојата што доминира во знамето на Саудиска Арабија.