Спасени три лица кои беа изгубени на планината Галичица

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска се успешно извлечени двајца мажи, странски државјани и една жена кои беа изгубени на планината Галичица, велат од Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид.

„Поточно, во 16:19 часот преку единствениот број за итни повици 112 , добиено е известување за загуба на двајца машки странски државјани (едниот со повредена нога) и една жена во Националниот парк „Галичица“, во највисоките делови на планината. Двајцата мажи биле пронајдени во планинската куќа на НП „Галичица“ во 17:30 часот, додека жената на подалечно место во 17:50 часот, јавуваат од ЦУК.