Спасовски-Агелер: Потврдена успешната соработка на МВР и Владата на САД

 – Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска во МВР имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела  Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер.

Спасовски, како што се наведува во соопштението од МВР, изрази благодарност кон амбасадорката Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.

Како стратешки цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беше целосно фокусирано изминатиов период , министерот Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот. Најголем дел од поставените цели на ниво на МВР успешно и на високо професионално ниво беа реализирани со постигнати одлични резултати, за што  добивме признание и честитки и од високите претставници на администрацијата во САД со кои неодамна министерот Спасовски оствари работни средби во Вашингтон.

Амбасадорката на САД, Агелер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешната средба, како и за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД  за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период, се вели во соопштението од МВР.