Претседателот на Пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, бара целосно расчистување на случајот со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби и утврдување одговорност за неговото преминување на граничниот пункт во „Блаце“, пренесува Телеграфи Македонија.
Очигледно треба целосно да се расчисти случајот и да се утврди одговорноста, но не само на полицајците туку и на нивните претпоставени, како и да се утврди евентуалната политичка одговорност“, нагласува Спасовски во изјава за „Локално“.
Според Спасовски, јасно е дека „батериите“ на камерите на граничниот премин „Блаце“ не можат да бидат причина, како што вели, за ваквото неодговорно и незаконско однесување.
,,МВР мора да одговори дали системот бил функционален и дали функционирал видео надзорот, што е многу лесно да се провери“, нагласува Спасовски.
Во дел од мислењето се смета дека бегството на Груб е договорено меѓу партиите на власт, за што Спасовски нагласува дека треба да се расчистат сите дилеми.
„Доколку не се расчистат сите дилеми и не се утврди одговорноста, сомнежот и недовербата сигурно ќе останат“, додава тој.