Инцидентот во селото Бањске на Косово го зафаќа целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, добиваат информации и вршат редовни анализи, изјави министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски.
Спасовски оценува дека Европската Унија и САД нема да дозволат никакви црни сценарија.
„Во моментов безбедносната состојба во државата е под контрола, нема директни последици што би претставувале ризик за безбедноста на Македонија, а граѓаните можат да бидат спокојни. Убеден сум дека нашите стратешки партнери, ЕУ и САД, нема да дозволат црни сценарија и ќе вршат силен притисок да се вратат работите во нормала“, вели Спасовски во интервју за „Политика“.
Тој додаде дека ако нашата заедничка цел е да станеме регион кој ќе извезува мир и стабилност, тогаш политичките кризи не можат да се решаваат со конфликт и мора да се здружиме со заеднички политики што можеме да ги спроведеме.