Носителот на изборната единица 2 од СДСМ, денеска со пензионерите од пензионерскиот дом „Лика Чопова”, разговараше за европската иднина на државата која заедно ја градиме и за мерките и политиките на СДСМ за поголеми пензии и достоинствен живот.
„Пензионерите – нашите сограѓани, целиот работен век го вложувале за напредокот на нашата земја, ги вложувале своите капацитети на работните места, во домот и семејството. Затоа заслужуваат да имаат пристојни пензиски денови. Да им се оддолжиме достоинствено!“
„Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат. Денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии и не се откажуваме од европската иднина! Во новиот мандат СДСМ гарантира минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари!“, рече Спасовски.