Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва од општина Аеродром накратко ги коментираше барањата на Христијан Мицкоски да се повлече од министерската функција.
„Многу пати сакав да слушнам мислења од Мицкоски како лидер на опозицијата за многу прашања, но не можеме да ги слушаме неговите мислења и воопшто не ми е чудно кога тој не може да разбере што е мислење на еден политичар. рече Спасовски.
Претходно Мицкоски рече дека доколку Спасовски не се согласува со законот за амнестија, да си поднесе оставка од Владата.