Игор Спасовски од АДКОМ во Отворено рече дека, кризата со која се соочуваат комуналните претпријатија е последица од сите кризи изминатите години.
Тој објасни и дека просечната старосна граница на вработените во комуналните претпријатија е 49 години.
„Во последно време, можеби 5 год имаме проблеми кои стануваат се поголеми, трупаме загуби, не можеме да работиме и не можеме да функционираме. За кризата со короната беа први на удар мораше да се собира отпад, водонсабдувањето да биде редовно, имаше доцнење на плати. Дури почнавме да лечиме рани, се појави кризата со електричната енергија, и најголем дел од претпријатијата опаднаа и имаа загуби на електрична енергија. Баравме излез од централната власт и по долги преговори и барања во еден период централната власт донесе одлука и ни беше дадена регулирана цена, и малку се стабилизиравме. По завршувањето на кризата бевме вратени на слободен пазар и почна да се зголемува минималната плата. Од една криза во друга криза влегувавме“, рече Спасовски.
Тој објасни и дека просечната старосна граница на вработените во комуналните претпријатија е 49 години. Според него младите избегнуваат да работат таму.
„Просечната старост на вработените во Јавните комунални претпријатија е 49 години Околу 30% се пред пензија и не се толку работоспособни. Млад кадар кој е вработен е само 2%. Ретпријатијата не се атрактивни за вработување. Под 35 год има само 2%. Не гледаат перспектива младите“, додаде Спасовски.