Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска одговарајќи на новинарски прашања во македонското Собрание, информираше за заклучоците од координацијата на пратеничката група и со претседателот на Собранието, каде што се конституира Комисиите, работните тела главно се разговараше во законодавниот дом, делегациите и групите за соработка.
За законите што се најавуваат за реорганизација на министерствата или за реформа на администрацијата, Спасовски рече дека СДСМ не може да даде невиден став и затоа пред да одлучи ќе ги чека законските одлуки, внимателно ќе ги испита законските текстови, по што ќе одлучи дали ќе ги поддржи.