Владата одобри измени на законот за рестриктивни мерки и со тоа црнителисти на САД и Велика Британија ќе бидат основа за санкции и во земјава.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на ТВ21 изјави дека новите законски измени предвидуваат низа активности и низа дејствија.
„Тоа е синоним за нашето стратешко партнерство. Се разбира, рестриктивните мерки што ги преземаат одредени земји, знаете дека ги имаме во Европската Унија, во САД, во Обединетото Кралство итн., се однесуваат на најважните принципи – криминалот, корупцијата како еден од стратешките приоритети на македонското општество, а кои мора да продолжат“, вели Спасовски.
Спасовски вели дека целта на овој закон е да се отвори простор преку органите на правдата да се завршат некои постапки кои првенствено се насочени кон зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата.